IN MEMORIAM - Загина Тоше Проески
Вторник, 16. октомври 2007. - Најголемата македонска музичка ѕвезда Тоше Проески загина утрово околу 6 часот во сообраќајната несреќа во Хрватска, јавија тамошните медиуми. Според нивните известувања, на автомобилот Toureg, во сопственост на Тоше налетал камион со италијански регистарски таблички. Тоше почина на самото место на несреќата. По повод трагичната смрт на Тоше Проески, утре, среда 17. октомври е прогласен ден на национална жалост, а Тоше е постхумно е прогласен за заслужен граѓанин на Македонија.
Вечерњи лист
Дневник.хр
|