насловна контакт english
Настани Биографија Дискографија Фото галерија Концерти Хуманитарни акции Екстра Интервјуа

Биографија
Музичката приказна на Тоше Проески започнува со двете победи на фестивалот кој ги открива младите надежи во Македонија, „Мелфест“ 1996 и 1997. По настапот на двата најреномирани фестивали, „Макфест“ 1997 (со композицијата „Пушти ме“) и „Скопје“ 1998 (со „Остани до крај“), неговиот успех е како лавина! Никој не може да го сопре! Тоа го потврдува и многуте награди на фестивалите.

Во Македонија освојува бројни награди за албумите „Некаде во ноќта“ и „Божји син“, а според гласовите на читателите на „Вечер“ е прогласен за ТВ лице за 2001. По извонредно успешната серија од пет концерти во „Униврзалната сала“ во Скопје, во октомври 2001 го наполни и престижниот „Сава Центар“ во Белград!

Тоше Проески соработува со дел од најдобрите македонски композитори (Грогор Копров, Кире Костов, Кристијан Габроски, Хари Котларовски, Горан Милошевски) и текстописци (Огнен Неделковски, Миодраг Врчаковски и други).
На третиот албум „Ако ме погледнеш во очи“ соработува со познатиот грчки композитор Phoebus (Фибос), додека како автор на стиховите се јавува Марина Туцаковиќ. Соработува и со познатиот ДЈ Каан, турската група „Харем“ се гости на две песни, а продуцент на албумот е Манолис Влахос.

Тоше Проески направи блескава музичка кариера, молскавично ги освои топ листите со своите хитови, лесно ги полни концертните сали и најважно од се, царува во срцата на илјадници негови обожаватели.

За вас
твоја e-mail адреса:

Волим осмијех твој mp3 - 36 sec, 575Kb