|
|
|
Концерти во септември 2007
4. септември – Соко Бања (Србија) 5. септември – Цетиње (Црна Гора) 22. септември - Будва, Трокадеро
|
Јули – Август 2007.
Тоше е на годишен одмор. Во овој период не се планирани неговите настапи и концерти.
|
Јунска агенда:
* 1. 6. 2007. - Концерт во Љубљана – Крижанки * 6-7. 6. 2007. - Снимање спот во Хрватска за песната Волим осмијех твој, во режија на Дарко Дриновац * 8-9. 6. Хрватски радиски фестивал на Хвар, плус целовечерен концерт по завршувањето на фестивалот |
Мајска концертна агенда
Тоше Проески во текот на мај 2007. ќе одржи концерти во Будва (5. мај), Приједор (10. мај) и Зајечар (15. мај). На 1. јуни Тоше концертно ќе настапи во Љубљана...
|
| Концерти во најава...Познати се термини за претстојните концерти на Тоше Проески, што ќе се одржат во Србија и во Хрватска во периодот март-април. Имено, во петок (23. март), Тоше ќе настапи во клубот Холивуд во Копривница (Хрватска), а следниот ден (сабота, 24. март), во клубот Бест во Загреб. Следуваат: Крушевац (10. април), Пожаревац (11. април), Сплит (20. април), Ниш (26. април) и Бор (27. април). |
|
| За 8. март Тоше ќе пее во Нови СадТоше на 8. март ќе настапи во Нови Сад, во престижното Српско народно позориште.Концертот е веќе распродаден, а во штабот на Аворд Ентертејмент размислуваат дали да закажат уште еден настап. На 4. април, Тоше ќе пее во Лондон, како специјален гостин на концертот на Џана Нанини. |
|
|
|
|
|
|
| Последен поздрав за принцот со ангелски глас17. октомври 2007.- Тоше Проески - идолот, иконата, амбасадорот на Македонија, принцот со ангелски глас и хуманист попладнево со државни и верски почести е погребан на Градските гробишта во неговото родно Крушево. Солзите на сите кои дојдоа да се збогуваат со Тоше и беспомоните лелеци на неговите најблиски не ја омекнаа реалноста. Тоше се врати во своето Крушево - засекогаш |
|
| Реакции во Хрватска и во Србија за смртта на Тоше17. октомври 2007. - Продуцентот на шоуто 69 на Златан Зухриќ Зухра, Едвин Софтиќ за Јутарњи лист изјави дека на Тоше Проески му предлагал во Загреб да допатува со авион, но оти македонскиот пејач го одбил предлогот и сакал да патува со автомобил. Пријателите на Тоше наведуваат дека тој имал страв од летање кој не го надминал и покрај честите патувања. Катја Рестовиќ, која денеска во Пореч требаше да го режира видеоспотот за песната на Тоше Игре без границе истакна дека преку СМС се допишувала со загинатиот пејач до два часот утрото |
|
| Посмртните останки на Тоше Проески пречекани со највисоки државни почести17. октомври 2007. - Посмртните останки на македонската музичка ѕвезда Тоше Проески, кој загина вчера утро во сообраќајна несреќа во Нова Градишка, синоќа околу 23 часот со хеликоптер на АРМ беа пренесени од Хрватска во Македонија. На аеродромот Александар Велики во Скопје ковчегот со неговото тело со највисоки државни почести го пречекаа членови на неговото семејство и владината делегација |
|
| IN MEMORIAM - Загина Тоше ПроескиВторник, 16. октомври 2007. - Најголемата македонска музичка ѕвезда Тоше Проески загина утрово околу 6 часот во сообраќајната несреќа во Хрватска, јавија тамошните медиуми. Според нивните известувања, на автомобилот Toureg, во сопственост на Тоше налетал камион со италијански регистарски таблички. Тоше почина на самото место на несреќата. По повод трагичната смрт на Тоше Проески, утре, среда 17. октомври е прогласен ден на национална жалост, а Тоше е постхумно е прогласен за заслужен граѓанин на Македонија. |
|
| |
|
|
|
|
|
|